index.asp

 

  index.asp 
 
 
 
Пријави се   |  Дома  | +389(02)2461889  |  Јавете се, ве очекуваме.  |  За нас

Често поставувани прашања

      ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

 
=

1. Дали можам да платам со мојата платежна картичка

Да можете да платите на нашата веб страна директно со електронско плаќање. Нашата банка, НЛБ Тутунска Банка, ќе го провери вашето барање и ако направи одобрување ќе добиете потврда за извршеното плаќање. Додека не го примите нарачаниот производ средствата ќе бидат под резервација. Откако го потврдите приемот средствата ќе бидат префрлени од Вашата сметка на сметка на банката.

2. Дали можам да бидам сигурен во процедурата на плаќање и колку се сигурно заштитени моите лични податоци, на пример бројот на платежната картичка и слично.
Банката користи најсовремени процедури за заштита на Вашите податоци. Сигурноста ја гарантира банката.

3. Кои платежни картички ги прифаќа Банката?
Во моментов можете да ги користите следните картички: Visa, Master, Maestro

4. Колку дена трае испораката откако ќе направам уплата?
Во Скопје испорачуваме во рок од 24 часа, а за останатите градови во Македонија во рок од 48 часа. Доколку оваа обврска не можеме да ја исполниме ќе бидете контактирани на Вашиот телефон и е-мејл.

5. Дали оперативните системи, доколку производот има наведено дека содржи оперативен систем, се инсталирани, или ќе треба сам да ги инсталирам.
Доколку содржи оперативен систем тој е нормално инсталиран до онаа точка, каде што при првото вклучување ќе бара од Вас да ги внесете Вашите лични податоци за да инсталацијата заврши. При следното вклучување системот ќе биде во функција.
Доколку не содржи оперативен систем или само ДОС, ќе морате самите да инсталирате Ваш оперативен систем. Најдобро јавете се кај нас за подетални информации.

5. Каде да упатам критики, предлози, барања или слично.
Доколку сакате писмено да се обратите а не преку телефон, можете преку формата за контакт (мени->помош->контактирајте)  да го внесете Вашиот коментар. Секако, што може побргу ќе добиете по меил одговор. Или пак на следниот меил: websale@auction.com.mk